Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово е малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач, исто така, во Гевгелија, управувал возило со активна забрана.

Додека, еден возач во Велес управувал возило со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност