Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило, 17 лица возеле без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол

Лишени од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило, 17 лица  возеле без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во  тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци,  Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол. Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и едно во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност