На подрачјето на СВР Скопје во текот на викендот спроведени се контроли во текот во делот на сообраќајот, при што од слобода се лишени 21 лице за безобѕирно управување со моторно возило по член 297 а од Кривичниот законик, од кои шест се малолетни лица. Исто така, преземени се 161 мерка од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од кои 10 мерки за лица кои управуваат лесни електрични возила.