Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 17 возеле без возачка дозвола, а едно лице под дејство на алкохол

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 17 возеле без возачка дозвола, а едно лице под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

 Од нив, 17 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Прилеп и по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и тетовско). Додека пак, под дејство на алкохол возел возач во с.Дулица, општина Македонска Каменица, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета.

 По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност