На 18.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.С.(35), А.К.(29) и А.Ј.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
На 18.09.2026 во 22:20 часот во место викано „Суви Лаки“, беровско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево ги лишија од слобода Г.П.(31) од с.Пожаране, гостиварско, Б.А.(25) од Радовиш, С.З.(42) од с.Муртино, струмичко, В.С.(22) од с.Злеово, радовишко и Н.С.(31) од с.Воиславци, радовишко. При извршена контрола и преглед над патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, кое Г.П. го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
На 18.09.2026 во 21:25 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од ПС Тетово го лишија од слобода Ф.А. (33) од с. Порој, затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана.
На 19.09.2026 во 00:50 часот, на ул. „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.И. (19) од с. Горно Седларце, затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана.
На 18.09.2026 во 17:55 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија Г.Н.(43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана.
На 18.09.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Б. (20) од село Сопот, кумановско. При преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 19.09.2026 во 00:30 часот во угостителски објект на ул.„ Дебарца" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Ј. (41) од Битола, бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
На 18.09.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Тризла" во Прилеп го лишија од слобода С.А.(26) од Кичево, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 18.09.2026 во 22:30 часот во атар на с.Братиндол, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.Т.(27) и Д.Т.(28), двајцата од Битола, бидејќи при преглед кај М.Т. била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.