Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица под дејство на алкохол

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност