Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола, по две во Кочани и Скопје и по едно лице во Тетово, Демир Капија, Струга, Дебар и Прилеп.
Едно лице во Делчево и едно лице во Велес управувале возила под дејство на алкохол, а едно лице во Скопје управувало возило и покрај тоа што за него има активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.