Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.04.2026) на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 10 лица возеле без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката за с. Групчин, во Гостивар, Кочани и Кичево. Четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска Каменица, a еден возач во Кичево управувал возило со забрана за управување возило од Б категорија.  
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност