Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, а со еден е извршен службен разговор, 12 возеле без положен возачки испит   

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, а со еден е извршен службен разговор, 12 возеле без положен возачки испит   

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.У.(30), А.С.(29), С.Р.(36), Р.С.(35), Г.Б.(45), 21-годишната Е.Ш. и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско, С.Х.(28) од с.Лавце, тетовско, Ј.Л.(44) од Струга, И.Д.(49) од с.Клечовце, кумановско и 14-годишник од с.Дебреште, општина Долнени, кое се лишени од слобода. Додека пак, полициски службеници извршиле службен разговор со 16-годишник од тетовско, во присуство на родител, поради тоа што управувал патничко возило без возачка дозвола.  
Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.П.(23) од Скопје и С.М.(28) од Делчево. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Б.М.(32) од с.Мршевци, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност