Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од кои тројца предизвикале сообраќајни незгоди, 12 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од кои тројца предизвикале сообраќајни незгоди, 12 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од кои тројца предизвикале сообраќајни незгоди, 12 возеле без возачка дозвола, еден под дејство на алкохол. 

Двајца возачи во Гевгелија (еден бил и под дејство на алкохол), и по еден во Скопје, Тетово, Гостивар, Валандово, Дебар, Охрид, Битола, Куманово, Велес и Свети Николе  управувале возило без возачка дозвола. Возачите во Велес и Свети Николе предизвикале и сообраќајни незгоди. Еден возач во Куманово возел мопед под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност