Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Четири лица во Скопје, три лица во Гостивар (двајца малолетници), по едно лице во Тетово, Прилеп, Дебар и Кочани (малолетник) кој се движел во еднонасочна улица во спротивен правец. Под дејство на алкохол возело едно лице во Скопје. Додека пак, едно лице во Гостивар возело со активна мерка за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.