Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.