Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.Л.(20) од с.Батинци, скопско, О.Ф.(22) од Скопје, В.Ќ.(34) од Гостивар, Л.Р.(38) од с.Ѓурѓевиште, Општина Врапчиште, П.А.(22)  од Кочани, Ф.Ш.(24) од Штип, Л.Ј.(21) и 15-годишна малолетничка, двајцата од Прилеп. 
Две лица управувале патничко возило иако имале активна забрана за управување на моторно возило и тоа: В.А.(46) од Скопје и Н.С.(27) од Кратово, а Д.Н.(66) од Тетово управувал патничко возило под дејство на алкохол. Додека пак, А.Н.(55) од с.Велешта, струшко, возел со активна забрана за управување на моторно возило, под дејство на алкохол и брзина поголема од дозволената. 
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност