Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 10 управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, три во Куманово и по едно лице во Тетово, Прилеп и Кочани). Под дејство на алкохол возеле две лица (во охридско и ресенско). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.