Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници од слобода лишија 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, по член 297-а од КЗ. Од нив, деветмина се лишени поради тоа што управувале возило без положен возачки испит: В.Г.(64) од с.Моштица, Ѓ.Б.(60) од Долно Караслари, Б.М. (49) од с. Неготино, 15- годишник од с. Сиричино, О.А.(27) од с.Пешталево, Н.Н.(43) од Гевгелија, 17- годишник, М.Ј.(23) и С.А.(24), тројцата од Скопје. Кај С.А. е утврдено и дека бил под дејство на алкохол, а поради возење под дејство на алкохол од слобода е лишен и М.Г.(64) од Делчево. Од слобода е лишен и Е.А. (23) од с. Ѓермо, затоа што возел со брзина двојно поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку се под дејство на алкохол, да ја прилагодат брзината според сообраќајните знаци и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.