На 14.12.2025 во 01:05 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, во с.Лешок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.Б.(35) од с.Слатино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 14.12.2025 во 02:50 часот на ул.„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел мерива“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта, по што веднаш била исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.
На 14.12.2025 во 00:20 часот на ул.„Индустриска“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(40) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
На 14.12.2025 во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.С.(45) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 01:32 часот на регионалниот пат Ресен-Стење, кај крстосницата за с.Горно Дупени, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Г.М.(31) од Ресен. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 01:00 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(45) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 00:46 часот на магистралниот пат Струга - Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.П.(39) од с.Радожда, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,74 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 01:24 часот на магистралниот пат Струга - Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.В.(44) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 02:25 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.М.(37) од с.Драслајца, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило"