Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит 

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит 

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив,  осум лица  управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Е.Ш.(20), Б.Б.(29), Д.П.(18), Е.М.(31), Р.Ј.(25) и Ј.Ќ.(40), сите од Скопје, како и Б.К.(61) од Кичево и И.Ч.(36) од Прилеп.  Додека, пак, со активна забрана возеле 27-годишната Е.Д. и Б.Е.(27), двајцата од Скопје. 
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност