Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Неготино, возел со брзина од 106 км/ч на место каде е дозволена брзина од 50 км/ч, а бил и под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач во Неготино, возел со брзина од 106 км/ч на место каде е дозволена брзина од 50 км/ч, а бил и под дејство на алкохол

 

На 25.07.2025 во 19.05 часот на бул. „Маршал Тито“ во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино  од слобода е лишен А.С (21) од Неготино, затоа што при радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски таблици, со брзина од 106 км/ч на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 км/ч во населено место. Исто така, при извршеното алкотестирање утврдено е дека има 0.78  промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност