Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишена од слобода жена од гостиварско, украденото злато е вратено на сопственичката, следува пријава

Лишена од слобода жена од гостиварско,  украденото злато е вратено на сопственичката, следува пријава

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско,  полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско. Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на  Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. одземеното е проанјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност