Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода холандски државјанин во Скопје баран со потерница

Лишен од слобода холандски државјанин во Скопје баран со потерница
Денеска (07.06.2026), полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка по претходно преземени оперативно-тактички мерки, на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.А.С. (40), холандски државјанин.
 
Лицето е барано по меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени кривични дела илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација. Б.А.С. е предаден во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Мени за пристапност