Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Скопје, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа 

Лишен од слобода возач во Скопје, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа 

 

На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б. (30) од Скопје. При вршење на увид на сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Нов живот“, во која учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Б. и патничко возило „цитроен“, управувано од Е.Р.(22), при што сопатничката во возилото „цитроен“ М.С.(23) се здобила со телесни повреди, било утврдено дека Б.Б. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Б.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност