Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач во Неготино затоа што управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава

Лишен од слобода возач во Неготино затоа што управувал возило под дејство на алкохол, следува пријава

 

На 05.01.2026 во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Мени за пристапност