На 27.07.2025 во 01.15 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Д.В.(32) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки, и при извршено алкотестирање констатирале дека тој го управувал возилото со 1,81 промили алкохол во крвта. Тој бил веднаш исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.