Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

На 10.05.2025 во 00.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Визбегово, скопско. На 09.05.2025 околу  21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Мени за пристапност