На 20.11.2025 во 22:00 часот на скопската обиколница, во близина на клучка Волково, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(56) од Скопје. При преземање мерки по претходна случена сообраќајна незгода во која А.К. учествувал со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, А.К. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.