На 23.07.2025 во 19.55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. На улица „Прохор Пчински“ во Велес, тој со патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во ѕид од куќа, по што го напуштил местото.
По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно има 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.