Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од Куманово, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Лишен од слобода возач од Куманово, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

На 01.12.2025 околу 00:17 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска Револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(22) од Куманово и патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки,  управувано од Д.К.(48) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.К., констатирани во Општа болница Куманово. По насока од јавен обвинител, возачот Н.Т. е лишен од слобода затоа што при извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,21 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност