Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од Куманово, во возилото пронајдени над пет килограми марихуана 

Лишен од слобода возач од Куманово, во возилото пронајдени над пет килограми марихуана 

 

На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул."Јадранска магистрала" во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово.
При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана.

Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност