На 07.07.2025 во 19.20 часот на ул.„Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Л.Т.(43) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.