Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило со брзина од 71 километар на час повеќе од дозволеното

Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило со брзина од 71 километар на час повеќе од дозволеното

Денеска (24.08.2025) во 08:38 на автопатот Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(29) од Дебар.

При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 171 километри на час надвор од населено место, односно 71 километар на час повеќе од дозволеното. С.А. веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност