Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

На 29.04.2026 во 15:30 часот во с.Визбегово, скопско полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек за меѓународни потраги, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода А.Џ.А.(26) од Турција, баран со потерница распишана од страна на Турција. Тој е предаден на ОЈО Скопје, а потоа спроведен до Основен кривичен суд - Скопје.

На лицето му е одреден екстрадициски притвор во редовна постапка и истиот е спроведен во КПУ затвор Скопје.

Мени за пристапност