Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода српски државјанин, управувал возило со брзина од 100 километри на час повеќе од дозволеното, следува пријава

Лишен од слобода српски државјанин, управувал возило со брзина од 100 километри на час повеќе од дозволеното, следува пријава

На 25.02.2026 во 20:10 часот на автопатот Скопје - Гевгелија, кај Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.С.(60) од Република Србија. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки со брзина од 221 километар на час на место каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.   
Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност