На 06.11.2026 околу 15:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.М.(46) од Скопје, бидејќи при преглед кај него пронајден е хероин. Известен е јавен обвинител по чии насоки С.М. е задржан во Полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.