Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана

Лишен од слобода скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана

 

Денеска (11.11.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на ул. „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје. При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана. 

По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Видео материјал

Мени за пристапност