Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода ресенчанец, управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

Лишен од слобода ресенчанец, управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност