На 03.07.2026 во 11:50 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(57) од Скопје, по претходна пријава дека околу 11:45 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел паричник од 72-годишна жена од Скопје, а потоа физички нападнал 64-годишен маж и му се заканувал на возач на автобус.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.