На 14.05.2025 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.П.(44) од Охрид. При сообраќајна контрола на магистрален пат Тетово - Гостивар, кај наплатна станица Тетово, било сопрено патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Б.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.54 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.