На 19.12.2025 во 12:50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(28) од с.Порој, тетовско, затоа што кај кружниот тек од ул.,,Илинденска" со ул.,,Маршал Тито" во Тетово со патничко моторно возило ,,ауди" со тетовски регистерски ознаки, не застанал на даден знак и со возилото удрил во полициски службеник, по што избегал од местото на настанот. По преземени мерки, тој е пронајдени лишен од слобода, а на полицискиот службеник му се констатирани телесни повреди во Клиничка болница Тетово. По документирање на случајот против Е.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.