На 20.03.2026 во 11:10 часот во атар на с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д.(75) од с.Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково-с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.