Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода маж од охридско, со 1,51 промили алкохол во крвта управувал „мерцедес“ во Охрид и оштетил шест возила, следува соодветна пријава

Лишен од слобода маж од охридско, со 1,51 промили алкохол во крвта управувал „мерцедес“ во Охрид и оштетил шест возила, следува соодветна пријава

На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање,  кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што е приведен во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност