Денеска (12.07.2025) во 00.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ. Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на ул.„Скупи“, каде запалил оган и горел кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Лишен од слобода скопјанец, кај него пронајдени запалени кабли
На 11.07.2025 во 16.10 часот на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, откако при преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.