Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

На 25.05.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност