Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крушевчанец во кичевско село, затекнат е при незаконит лов, следува пријава

Лишен од слобода крушевчанец во кичевско село, затекнат е при незаконит лов, следува пријава

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево. Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри. 

По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“.

Мени за пристапност