Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

На 12.04.2026 околу 22:00 часот во близина на Граничниот премин Долно Блаце полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце го лишија од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ.

Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност