На 20.08.2025 во 22:00 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Чаир го лишиле од слобода Ј.Б.(43) од Република Хрватска. Тој се сомничи дека околу 14.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачје на Чаир од К.Н.(44) од Скопје одзел паричник со пари и мобилен телефон.
Лицето било задржано во полициска станица, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.