Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Тетово, при претрес пронајдени пиштол и предмети поврзани со кривични дела

Лишен од слобода крадец во Тетово, при претрес пронајдени пиштол и предмети поврзани со кривични дела

На 01.10.2025 во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ч.Б.(34) од Тетово. Во 15:45 часот, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Ч.Б. во Тетово, при што се пронајдени и одземени пиштол „екол“ калибар 9мм со една рамка со три куршуми, мобилни телефони, пет клучеви за стартување на возила, разновидни клучеви и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност