Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Скопје

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 27.06.2025 во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишен малолетник од Скопје, по претходна пријава дека околу 14.30 часот во централното подрачје на градот, со употреба на физичка сила од Т.М.(44) од Скопје одзел пари.

 

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност