Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Лојане, дел од одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

Лишен од слобода крадец во Лојане, дел од одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

На 31.07.2026 во 15:40 часот во с. Лојане, липковско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода Р.Б.(26) од с. Лојане, постапувајќи по претходна пријава дека ноќта помеѓу 30.07.2026 и 31.07.2026, со употреба на сила влегол во трговски објект во село Лојане и одзел пари и кутии со цигари. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Р.Б. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност