Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода крадец во Гостивар, пронајдено е дел од украденото, следува пријава

Лишен од слобода крадец во Гостивар, пронајдено е дел од украденото, следува пријава

Денеска (05.01.2026) во 08:50 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(35) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека во текот на утринските часови извршил кражба во црквата „Света Богородица“ во Гостивар, при што одзел пари. Кај него се пронајдени и одземени дел од украдените пари. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност