На 31.10.2025 во 11:00 часот на ул.,,Преспанска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(39) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторени повеќе кривични дела „кражба" и „тешка кражба".
Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.